еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Надворешниот долг на Македонија 4,35 милијарди евра

Нето надворешен долг на Македонија на крајот од првото тримесечје годинава изнесува 4.350 милиони евра (или 29,9% од проектираниот бруто-домашниот производ), информираа од Народна банка (НБ).

Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал е намален за 109 милиони евра, или за 2,4%.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62%.

Во текот на првиот квартал, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 6 милиони евра и изнесува 8.506 милиони евра, односно 58,4% од проектираниот бруто-домашен производ за 2024 година.

Целиот извештај на НБ, ОВДЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Емотивна порака на македонска докторка: „Плачам како мало дете, вие гледате бројки, ние ги гледаме лицата на тие бројки“

Редакција

Народната банка ги зголеми каматните стапки за нови 0,25 п.п.

Редакција

(Видео) Нов масовен протест во Атина и низ Грција и генерален штрајк поради железничката несреќа

Редакција