еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Над половина од граѓаните во Македонија не можат да си дозволат годишен одмор

Над половина од граѓаните во Македонија, или 55% не можат да си дозволат годишен одмор надвор од местото на живеење, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Во Албанија тој процент изнесува 58,3%, во Турција 60,8%, Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).

Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7.

Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%).

На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Францусите и 36,6% од Шпанците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Романскиот воен авион со голем капацитет, Ц-27 Спартан, се вклучува во борбата со пожарите

Редакција

Твитер „зовре“ за уставните измени: Уште колку прсти ќе се отвора Уставот за да се роди Северна Македонија?

Редакција

Tројца осомничени за новата истрага на СЈО „Поштенска банка“ добија мерки за претпазливост

Редакција