еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 компании од Македонија денеска беа запознаени со можностите за соработка со Лидл, информираат од таму.

Овој тип на соработка со локални компании е еден од основните постулати на Лидл во секоја земја каде работи.

„Основната идеја на Лидл во сите земји во кои е присутен, претставува развој на локалните производствени капацитети и заеднички раст и развој со нашите локални партнери, и иако Лидл Северна Македонија се уште не е целосно оперативен, овој процес веќе активно функционира.

Во октомври минатата година започнавме со проект за промоција на македонски традиционални производи во Лидл Србија и Лидл Бугарија, каде ги претставивме македонскиот ајвар, пастрмајлијата, кочанскиот ориз, тиквешкото вино, македонското јагне и многу други производи.

Извозот кој ќе го реализираме преку Лидл Северна Македонија до крајот на 2024 година само во овие две земји е во вредност повеќе од 2.000.000 евра или раст од четири пати во однос на минатата година. Вкусот на македонското овошје и зеленчук го направивме достапен до потрошувачите на Лидл во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија.

Од април 2023 до март 2024 година беа извезени преку 3 600 палети овошје и зеленчук. Во рамките на календарската 2024 година со нашите локални добавувачи планираме извозот на овошје и зеленчук да достигне 4 500 палети. Наведените примери и резултати се мотивација за нас и движечка сила за понатамошен успех”, изјави Стефан Георгиев, директор на секторот за набавка во Лидл Северна Македонија.

Рубријан Хаџиев, генерален директор на Лидл Северна Македонија изјави дека брендот на Лидл е присутен во 31 земја, каде ги задоволуваме потребите на голем број домаќинства.

„Како лидери во сегментот на секојдневно пазарување поставуваме стандарди кои ќе го зголемат квалитетот на понудата, а во исто време ќе бидеме ценовно конкурентни на пазарот. Но, основно за нас е да се соработува со локалните компании”, додаде Хаџиев.

Лидл е дел од групацијата Шварц, присутен во 31 земја, со промет од 114 милијарди евра, 12.200 маркети и над 380.000 вработени.

Во Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар во Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Редакција

(Видео) Конститутивна седница: На пратениците им се мери температура пред влезот на Собранието

Редакција

ЗНМ и ССНМ го осудија омаловажувачкиот однос на Јакимовски кон новинарите, чии што прашања ги нарече „смешни“

Редакција