Две наставнички од скопското основно училиште „Киро Глигоров“, на родителите на нивните ученици, им порачаа наместо да им купуваат подароци за 8. Март, да донираат за Леонид Индов и за Кара Селовска.
Нивниот предлог наиде на лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи, и на истиот треба да се приклучиме сите. Нашата помош им е потребна и на Срна, Јани…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можеме да собереме 15 илјади евра: Потребни се за тригодишната Срна – да си дојде побрзо дома
Тригодишната Срна во октомври развила сепса поради уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма пиелонефрит оставајќи трајни оштетувања на левиот бубрег.
Откриена е хидронефроза и камен во левото бубреже, а добива и нова сепса. Моментално е хоспитализирана во Систина.
Потребни се нови испитувања, оперативно лекување и целосно опоравување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кара (12) има ретка болест, на која најпрво треба да ѝ се дијагностицира, а потоа и да се лекува.
Кара поминала низ двегодишна макотрпна борба најпрво низ клиниките во државата, но безуспешно. Во моментов, девојчето се уште лежи на Клиника за детски болести.
Надеж за неа, се појавува во клиника во Барселона, Шпанија која бара 22.811 евра за 14 дена, само за дијагностицирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Леонид сега е најважен во државата, еве како можете да помогнете
Има ли нешто поважно во државата во моментов, освен да се обединиме сите и да му помогнеме и на младиот Лео за неговото лекување во Виена, Австрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Јани Иванов, 18-годишно момче од Неготино, е во иста состојба како Лео, односно поради повреда на рбетниот столб е парализиран.
Поради несоодветни услови за лекување во државата, родителите се решија да го лекуваат во Лариса, Грција, каде што еден месец таму ги чини 10.000 евра.
Трошоците за Јани, исто како и за Леонид не ги покрива државата поради законски пречки, туку се собираат пари од хумани граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ