еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наставниците остануваат без работа поради иселувањето и намалениот број на ученици

Поради масовното иселување на младите и празнење на училиштата, во државата има вишок на наставници, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Лично сметам дека наставник не може да биде вишок. Ние, треба само да ги направиме функционални. Кога ќе направиме нормални паралелки, не паралелки од по 10 или 15 ученици, туку кога ќе ги сведеме на 20 ученици, наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата на училиштата, која опфаќа многу додатни предмети, изборни предмети, воннаставни активности, работа со деца кои имаат потешкотии во учење, работа со талентирани деца, дополнителна настава, додатна настава, општествено корисни работи.

Идејата е дека целиот фонд на наставници треба да го искористиме за учениците да стекнуваат подобри знаења,“ изјави Јаневска.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Љупчо Димовски

Редакција

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Редакција

Босфорус е еден од најбараните хотели во Сиде: Посебен концепт на одмор, дизајн на хотелот и врвна услуга

Редакција