еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување, приговорите на обвинетите одбиени

На таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, ќе му се суди за грабнување, информираа денеска од Кривичниот суд во Скопје, од каде велат и дека е одобрен обвинителниот акт за обвинетите за убиството и грабнувањето на девојчето и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е обвинет таткото на Вања?

Нивните приговори се одбиени.

„По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, Советот за оценка на обвинителниот акт, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.

Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување“, соопшти Кривичниот суд

Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски е сè уште во фаза на обвинителска истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски вели дека е невин и дека е наместен, имал докази

Јас сум на два света, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, вели таткото на Вања

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Секоја чест: Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи

Редакција

МАНУ одби да си го смени името, не сака „Северна“

Редакција

Кој е Џо Бајден, новиот претседател на САД

Редакција