еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 19-годишник му е корегирано стапалото со коска од починат донор

Од Министерството за здравство информираа за уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие.

Трансплантацијата е извршена на 19-годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.

-Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал.

Со користењето на коска од кадавер, оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна, појаснуваат од таму.

Екипата која ја изврши трансплантацијата ја предводеше проф. д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска, заедно со средно-медицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прва трансплантација во Македонија на коска од починат донор на прсти кај 13-годишник

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Прашањето на опозицијата за референдумот е практично да го прекинеме европскиот пат

Редакција

(Видео) “Добродојдовте во иднината“: Маск ги покажа хуманоидниот робот и роботското такси

Редакција

Стечај за гигантот од месната индустрија: Се продава вреден имот на „Мега“

Редакција