еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Градоначалникот на Крива Паланка ја донираше годишната плата за детско игралиште

Сашко Митовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка ја донираше платата од измината година за поставување урбано детско игралиште во населбата Маневци.

“Со чисто срце и искрена намера, без ронка личен интерес, со челична воља да ги промениме работите на подобро – стапив во служба на граѓаните.

Не постои поголема чест од тоа во одреден период од животот да имаш можност со својата работа да им служиш на граѓаните.

Први ноември 2022 година е датумот кога се наврушува точно една година од превземањето на оваа функција, за мене обврзувачка: со посветеност, труд и најважно- со дела, да ја оправдам довербата од граѓаните.

Транспарентно, отчетно и јавно работам 365 дена, за кои јавно се одреков дека функцијата ќе ја извршувам без примање месечен надомест.

Затоа, целокупната сума од мојата годишна плата е донирана за изградба на детско игралиште во населба Маневци и за најмладите жители на ул. “8 Октомври”.

Од срце за моите паланчани, продолжувам да работам неуморно за нашата Крива Паланка да биде најдоброто место за живеење на сите генерации“, напиша тој на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Митовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како Македонци, Косовари, Молдавци, Албанци, Арапи без бугарски корени си купија бугарски пасош

Редакција

Во болницата во Штип од Ковид-19 починаа тројца пациенти, најмладиот на 47-годишна возраст

Редакција

(Фото) Браво за штипјани: Масовна поддршка на хуманитарната акција за четиригодишната Симона

Редакција