еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Историчарите бараат академската заедница да биде консултирана за сите општествени промени, вклучително и промената на Уставот

Академската заедница треба да се спротистави на сите политички влијанија кои директно ја дерогираат слободата на академската и научната мисла, но воопшто и на македонската наука и образование. Крајната импликација би била засегнување на националниот идентитет. Ова се дел од пораките кои беа пренесени на денешната научна трибина „Билатералните протоколи со Бугарија и импликациите за македонската наука и образование“ организирана од Здружението на историчари на Република Македонија.

Според претседателот на Здружението на историчари, Митко Панов, протоколите со Бугарија и Грција го спречуваат правото на македонската нација да има сопствен национален наратив.

-Здружението на историчари на Република Македонија и јас како претседател заедно со членството сметавме дека е потребно да се иницира академска дебата, во контекст на импликациите од билатералните протоколи за македонската наука и македонското образование, имајќи предвид дека самите наицонални институти и институции не иницираат вакви дебати, изјави Панов пред почетокот на трибината.

Тој смета дека билатералните протоколи со Бугарија директно ја дерогираат македонската наука и образование, од аспект што политиката директно се инволвира во целиот научен и образовен процес.

-Сметам дека академската заедница е нужно да биде консултирана за сите општествени промени, вклучително и импликациите од промената на Уставот за да се направи општествено обединување околу сите овие клучни теми за македонската нација, додаде Панов.

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев смета дека договорите со Бугарија и Грција треба да се разгледуваат заедно, а не одделно, тие се две страни на една иста паричка.

-Во последните две години имав мноштво јавни настапи кои може да се сумираат во еден параграф – Ако зборот македонизам подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, тогаш национален супстрат го сочинуваат Македоцните што живеат во државата Македонија, како и оние во соседството, вклучувајќи ги Грција, Бугарија и Албанија, како и низ целиот свет.

Документите што ги негираат тие факти и промовираат невистини, лаги и манипулации, а тоа се договорите со Грција и Бугарија, македонците и македонската научна јавност треба да ги отфрли и осуди, рече Коцарев во обраќањето на трибината.

Проф. д-р Наташа Котлар рече дека со договорот за добрсоседство се засегнува не само националното, идентитетско изразување и постоење на македонскиот народ, неговата историја и култура, туку во овој момент, засегнати се пред се народната меморија и државните институции.

-Државните институции се засегнати преку правење на овие „квази“ комисии, кои не треба да се појавуваат во општествениот живот на овој начин како што се поставени, бидејќи на ваков начин се прави деградација на целиот државен систем.

Со оглед на тоа дека АСНОМ е оној кој што ги востанови македонските државни институции, тогаш преку овие протоколи и овој договор ние самите сме се согласиле да ја уништиме осовата на македонската државност и посебност, додаде Котлар.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако сакате во ЕУ, донесете ги уставните измени, порача Борел од Скопје

Редакција

И во Романија се урна беспилотно летало

Редакција

Ахмети не ги слуша „бомбите“, бара надлежните да спроведат истрага

Редакција