еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Невакцинираните деца за голема кашлица нема да се примаат во градинките

Комисијата за заразни болести (КЗБ) препорача да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на територијата на Град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата во градинките со вакцинирани и невакцинирани деца со голема кашлица и дали се почитува доследно препораката на КЗБ за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, информираше денеска портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ.

Во Македонија има 123 лица заболени со голема кашлица, од коишто доминантно најголем број – 109 лица се од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број од заболените со голема кашлица се деца на возраст до 4 години

„Од 18.01 до 29.02.2024 година по препорака на Комисијата за заразни болести, а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.

Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.

Од Комисијата препорачуваат и да се овозможи тестирање на територијата на целата држава за голема кашлица, коешто ќе биде спроведувано од Центрите за јавно здравје.

“Досега таква можност немаше, во другите градови претежно се работеше микробиолошко култивирање коешто е поврзано со изолацијата на пертусисот, меѓутоа сега треба да се овозможи и ПЦР технологија која ќе биде достапна и на останатите граѓани во државата, за да можат нивните материјали да се обработуваат во локалните Центри за јавно здравје“, посочи Мехмедовиќ.

Комисијата препорача и дигитална евиденција за вакцинација на децата.

„Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат.

Во однос на останатите препораки кои се разгледани, беше разговарано и за тоа дали е завршено со набавката или до каде е набавката на вакцините за возрасни. Знаете дека Комисијата донесе препораки за вакцинирање на возрасни.

Информацијата која што ја добивме од Комитетот за имунизација е дека на 15. март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни“, рече Мехмедовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АХВ: Нема законски пречки здруженија да раководат со прифатилишта за животни

Редакција

Ексклузивно: Состојбата на 16-годишно момче кое полицијата го застрела во глава поради неплатена сметка за бензин останува критична, еМагазин на лице место

Редакција

Нови 254 случаи на Ковид-19 од 2.160 тестирања, во Скопје 111

Редакција