еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Незначително поскапување на струјата од 0,92%

Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1. јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски.

Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти.

– Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2.300 денари, зголемувањето ќе има зголемен трошок од 21 денари, рече Бислимоски.

Согласно барањето на ЕВН хоум, цената за домаќинствата, како што рече, требаше да се зголеми за 4,4 проценти.

– Во најголем дел немавме разлики, а единствената разлика која постои меѓу тоа што сега го одобривме и тоа што го достави ЕВН е во однос на факторот на корекција и за да обезбедуваме ценова стабилност и цени кои ќе имаат минимално влијание врз вкупните трошоци за електрична енергија на граѓаните постапивме на овој начин, рече Бислимоски.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на Груевски: Ми се јави од Унгарија, „киднапирањето“ го примив со неверување

Редакција

Замрзнатите цени ќе се одмрзнат од 1 март, ќе се ограничува маржата за основните производи

Редакција

Ковачевски на „Отворен Балкан“: Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија

Редакција