еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нема лекарска грешка во лекувањето на деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести, утврди ДСЗИ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонреден надзор по смртта на деветгодишното дете Н.А. од Пеширово, информираат од таму.

Инспекциите ги опфатиле матичниот лекар во Свети Николе, Клиничката болница-Штип и Клиниката за детски болести во Скопје. Според извештајот, не се утврдени недостатоци во работата на овие институции.

Детето се јавило на 14.01.2025 година во ПЗУ Д-р Оливер со симптоми на болки во стомакот, висока температура и повраќање. По лабораториски испитувања и инфузионa терапија, детето било упатено во Штип, каде му е поставена дијагноза сомноленција.

„При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип“, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ДСЗИ констатирал дека здравствените установи постапувале согласно протоколите и не утврдиле неправилности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деветгодишно дете почина на Клиника за детски болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јули годинава патни исправи со Северна Македонија

Редакција

Во последниве 24 часа нема починати од Ковид-19, дополнително пријавено едно лице

Редакција

Има можност за проверка на финансиските текови за продажбата на “Соравиа“, смета Спасовски

Редакција