еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Има само еден пилот за авионите за гасење пожар

Македонија има три авиони за гасење пожар, ама нема пилоти. Агенцијата Мета објави дека моментално има само еден активен пилот, а другите двајца заминале во пензија.

Заради започнатиот изборен процес, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) не и дозволува нови вработувања на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Директорот на ДЗС, Беким Максути за Мета потврди дека има само еден пилот и вели дека огласот за вработување на четири нови пилоти ќе се распише веќе следниот ден по изборите, а дотогаш се надева дека двајцата пензионирани пилоти ќе се вратат на работа.

„Два пати се обративме до ДКСК и добивме негативно мислење за нови вработувања. Заради тоа се обративме до Владата за да ни одобрат да ангажираме двајца пензионирани колеги, кои ќе може да ни помогнат додека се реализира огласот, а потоа и обуката на пилотите.

Сепак, сега се соочуваме со уште еден проблем, треба да обезбедиме повисоки плати за пилотите за да се согласат да се вратат“, вели Максути, кој стравува дека и огласот за нови вработувања во Дирекцијата нема да биде успешен заради неатрактивните плати кои ги нудат споредено со обврските, бројот на работни часови и ризикот на работата.

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Протести низ САД поради одлуката на Врховниот суд за поништување на правото на абортус

Редакција

„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“

Редакција

Зачуден сум од политичката изјава на колегата Димитров, вели Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од Комисијата

Редакција