еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови директори на РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино

Подружниците на државното акционерско друштво ЕСМ, РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино добија нови директори.

Тони Петрушевски е нов директор на РЕК Битола. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола.

Петрушевски е дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор.

Сашо Вренцоски е нов директор на РЕК Осломеј. Тој е дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот, велат од ЕСМ.

На директорска позиција во Осломеј е именуван и Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.

За в.д. Директор на подружницата ТЕЦ Неготино, е назначен Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда, четврток и петок

Редакција

(Фото) Светската филмска елита уживаше во врвните вина на „Тиквеш“

Редакција

До каде е предметот „Попис“ на СЈО во кој се води истрага против Ахмети и Груевски

Редакција