еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Носете вода и лесна облека, разладувајте се: Препораки за заштита од топлотниот бран

Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, препорачува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Кога станува збор за патувањата, од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да се информираат за општата здравствена состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето каде се планира да се патува.

„Најмалку еден месец пред да заминете на планираното патување проверете ги препораките за профилактична терапија – на пример лекови за маларија и-или вакцинација – на пример против жолта треска, во подрачјето во кое планирате да патувате.

Осигурајте се дека сте ги примиле вашите рутински вакцини, особено бидете во тек со вакциналниот статус на децата со кои патувате.

Доколку имате потреба од дополнителни сознанија, консултирајте го вашиот избран лекар или надлежниот Центар за јавно здравје,“ се вели во препораките.

Од ИЈЗ препорачуваат да подготвите „здравствена чанта“ – сет за прва помош, лекови за хронична терапија – доколку има, антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми и сè што мислите дека можеби е тешко да се најде во вашата дестинација.

„Задолжително да се понесе средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка. Користете репеленти.

Нанесете репеленти – средства што одбиваат комарци, за тропски области, на пример на база на DEET 30 – 50% или icardine , на непокриените делови на кожата од телото, избегнувајќи ги слузниците – очи, нос, уста – дење и ноќе, внатре и на отворено.

Репелентот треба да го нанесувате доволно често во зависност од потењето и изложеноста на вода – по капење, пливање, нанесете го по користење на препарати со заштитен УВ-фактор – кога се користат истовремено, бремени жени, доилки и деца постари од два месеца не треба да користат репеленти на база на DEET или icardine, имајте доволна залиха на репеленти поради можен недостиг,“ се вели во препораките.

Носете соодветни облека и обувки за време на патувањето. Облеката треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици, а секогаш кога е можно, носете чорапи и чевли за да биде покриена што поголем дел од површината на телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од четврток до средината на следната седмица температури и над 40 степени

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Падна дел од фасадата на Владата

Редакција

Возачот на „шевролетот“ бил пијан: Детали од Обвинителство за сообраќајката кај Штип во која загинаа три лица

Редакција

Македонски државјани уапсен во Хрватска за шверц на 25 мигранти

Редакција