еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството презентираше снимки за движењето на обвинетите за убиството на Вања и Панче

На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Основното јавно обвинителство презентираше два сета на снимки од надзорни камери за движењата на возилата со кои управувале дел од обвинетите на клучните денови.

Од Обвинителството беа презентирани снимки за движењето на обвинетиот Влатко Кешишов од 27. ноември 2023 година, денот кога е грабната и убиена Ѓорчевска.

На една од нив се гледа како Кешишов, според Обвинителството, полни гориво во големо пластично шише на бензинската пумпа кај Транспортниот центар, во чија близина е седиштето на партијата Десна, а на друга се гледа движењето на возилото „рено кангу”, во кое, според обвинението, дента кога е грабнато и убиено девојчето, бил првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.

Беа презентирани и снимки од движењето на возилото „мерцедес”, сопственост на другиот обвинет Велибор Манев. Истите се од 20. ноември 2023 година.

Обвинителството го прикажа и движењето на возилото „ситроен“, одземено од Жежовски. На овие снимки е прикажана рутата на движењето на „ситроенот” на 24. ноември 2023 година, кога обвинетите првично имале намера да ја грабнат Ѓорчевска, но се предомислиле поради големиот сообраќаен метеж.

Истата рута, според Обвинителството, била користена и на 27. ноември, кога девојчето е грабнато и убиено, со единствена разлика – возилото тогаш тргнало од населбата Бутел, наместо од Маџари, а таму било преместено два дена претходно, на 25. ноември.

Во 6:37 часот на 27. ноември возилото било пред зградата на девојчето.

Како што посочи обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска и во снимките од 24 и од 27. ноември, во возилото се наоѓаат три лица – на возачкото и на совозачкото седиште и еден на задните седишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски ќе побара изземање на Обвинителството, неговиот адвокат реагираше за презентираните снимки

Сведокот Трајковски се уште недостапен, одбиено барањето на Палевски за изземање на Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски пазар во минус во првиот квартал

Редакција

Нема место за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во Куманово, Струмица и Велес, ограничени капацитетие и во Скопје

Редакција

ССНМ за однесувањето на Бектеши: Функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници

Редакција