еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Одложени новите царини на САД за Канада и Мексико, за Кина остануваат

САД за 30 дена ги одложи најавените нови царини од 26% за соседите Канада и Мексико, а за Кина стапуваат на сила вечерва по полноќ по американско време.

Оваа следи откако државите се договориле да ги зајакнат контролите на своите граници со САД.

Евентуалната трговска војна со Канада и Мексико ќе имаше последици не само за трите држави, туку и за глобалната економија.

За Кина пак остануваат најавените повисоки за 10% царини. Земјата и возврати на САД со реципрочна мерка, односно воведе царини од 15% за американскиот јаглен и течен природен гас, како и 10% за суровата нафта, земјоделска опрема и некои автомобили. Овие царини ќе почнат да се применуваат од 10. февруари.

Кина објави дека истовремено почнала и антимонополска истрага против технолошката компанија „Алфабет“, која го поседува „Гугл“.

За време на својот прв мандат, актуелниот американски претседател Доналд Трамп, во 2018 година започна брутална двегодишна трговска војна со Кина, поради огромниот американски дефицит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД воведе повисоки царини за Канада, Мексико и Кина, Трамп најави и за Европската Унија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонските корисници и УНЕТ одбележуваат четвртина век од интернет конекцијата

Редакција

Македонците викендов се соочија со проблем во Грција: Грчката апликација не ги препознава ковид-сертификатите, се проверуваат рачно

Редакција

Кој е Лазе Јаќимоски, заменик министер за јавна администрација

Редакција