еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од денеска ќе може и електронско закажување на термини за лични документи

Министерството за внатрешни работи информира дека од денес термини за закажување на лични документи можат да се закажат и електронски.

„Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот termin.mvr.gov.mk, која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок“, велат од МВР.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк: termin.mvr.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Враќање на парите за важечките документи кои граѓаните мораа да ги сменат можно најрано летово

Скопјани ќе можат електронски да проверат дали им е готов пасошот, ако се фотографирале после први јануари

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

Редакција

Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија од Договорот од Преспа

Редакција

КПУ Идризово склучи договор со Фодулмак вреден 725 илјади евра

Редакција