еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од денеска попладне дождови, на некои места пообилни

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи.

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, над 70 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 17 степени.

И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, но со слаб интензитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Бајрами: Се поголем број граѓани кои посетуваат лекар поради стомачен вирус, излегуваат позитивни на Ковид-19

Редакција

Денеска сончево и топло до 32 степени, утрово студено, а во тек на ден сончево и топло

Редакција

Денеска променливо облачно време, со умерен северен ветер

Редакција