еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре раст на температурата

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи.

Дневните температури ќе бидат повисоки за околу 2 до 3 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зборува и грчки: Која е Ирена Стефоска, новата министерка за култура

Редакција

103 нови случаи за 1 ден: Во Грција 331 случаи на коронавирусот

Редакција

Мазутот поевтинува, цената на горивата останува иста

Редакција