Оилко КДА Скопје лани остварил добивка по оданочување во висина од 238,303 милиони денари и истата е зголемена за 38,76% споредбено со остварената во 2022 година, информираат од таму преку Македонската берза.
-Ваквиот резултат се должи на зголемување на оперативните приходи како резултат на зголемениот транспорт на домашниот пазар со истовремено незначително зголемување и стагнација на оперативните расходи, велат од таму.
Остварените вкупни приходи од работење во 2023 година изнесуваат 772,95 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување од 17,51%.
-Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 83,55% имаат приходите од продажба на домашен пазар, кои во споредба со остварените во 2022 година се зголемени за 20%, велат од таму.
Остварените вкупни расходи во 2023 година изнесуваат 516,71 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување од 8,9%.
-Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 34,97% имаат расходите за трошоци за вработени кои во споредба со остварените во 2022 година се зголемени за 17%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оилко со зголема добивка од 147% во првото полугодие