еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пациенти со цистична фиброза почнуваат да го примат лекот Трикафта

Министерството за здравство информира дека пациентите со цистична фиброза почнуваат да го примаат лекот Трикафта.

„Покрај 12. пациенти кои веќе се на терапија со Kaftrio во комбинација со Kalydeco, овие денови со терапија се вклучуваат и нови пациенти. Во петокот, на 29. декември две нови пациентки примија Трикафта, денеска се вклучуваат уште двајца, а во петок се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти.

Оваа група на пациенти етапно се вклучува на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од стручна Комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање,“ се вели во соопштението.

Лекот Трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го усвои и четвртиот нацрт-амандман за промена на Уставот, следи јавна расправа

Редакција

Филипче: Не забораваш телефон, клучеви и пари, затоа заборавањето на мерките не е повеќе оправдување

Редакција

Десет најтргувани акции на Македонската берза во јуни

Редакција