еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Мукаетов: Алкалоид има континуиран раст во изминативе 20 години

Чинам дека Алкалоид е дел од мојата ДНК. Мојот татко, учител и ментор, но и еден од основоположниците на модерниот Алкалоид, Трајче Мукаетов, во компанијата помина 34 години од својот работен век, во навистина турбулентни времиња. Јас сум дел од Алкалоид близу 25 години, а речиси 18 сум на позицијата генерален директор, вели генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, во интервју за Економист.

-Во својата деветдецениска историја, Алкалоид надминал многубројни кризи, но секој пат покажувал резилиентност и брза адаптација кон промените. Успехот во работењето на Алкалоид се должи, пред сè, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на квалитетот на производите, на брендот Алкалоид и поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерации алкалоидовци, години наназад, вели тој и потенцира дека историски гледано, Алкалоид има континуиран раст во изминативе 20 години.

-Ако во 2005 година, кога јас дојдов на чело на продажните операции на компанијата, имавме продажби од 53 милиони евра, 2023 година ја затвораме со пласмани од над 265 милиони евра.

Овој петкратен раст не беше воопшто лесен, а во контекст на успешноста, можеби клучните зборови се квалитет, посветеност и напорна работа. Целта на Алкалоид е да се диференцира преку знаење и развој на производи со додадена вредност.

Во моментов, Алкалоид е компанија на повеќе од 2.800 семејства, а секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива, вели тој.

Целото интервју ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мукаетов: Во 2023 година ја привршуваме изградбата на мега инвестицискиот проект „Таблетно одделение 2“

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се укинува домашната изолација за повратниците од странство, останува карантинот

Редакција

(Видео) Путин има јахта вредна 700 милиони долари, тврди тимот на Навални

Редакција

Трагедија: Седумнаесетгодишно момче со возило усмрти пешак во Скопје

Редакција