Премиерот, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за улогата на Блерим Рамадани во Македонија и дали судијата Пајазит Пајазити треба да одговора, рече дека тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ.
„Па тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ и тој се има покажано со своите одлуки во минатото. Пајазит Пајазити е судија кој што во минатото има направено многу ваков тип на пресуди кои што се дискутабилни.
И јас еве оставам на Судскиот совет да одлучи што понатаму со судската кариера на судијата Пајазит Пајазити“, изјави премиерот Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.