еМагазин
Image default
Бизнис

„Пекабеско“ лани со добивка

Лани Пекабеско АД Скопје остварил нето-добивка од 145,998 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи за овој период изнесуваат 5.527 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 3%.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,7%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2022 година бележат зголемување од 3%.

Приходите од извоз изнесуваат 749 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 се зголемени за 4%, велат од таму.

Вкупните расходи изнесуваат 5.383 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 3%.

-Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2023 година изнесуваат 112 милиони денари. Главните вложувања се направени во производствена и транспортна опрема, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Весна Кутревска купи нови акции во Пекабеско

На менаџерскиот тим на Пекабеско лани исплатени 105 милиони денари за плата и надоместоци

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Методија Несторовски веќе не е член на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Шпаркасе Банка ги предупредува студентите: Има обид за фишинг напад за студентскиот оброк

Редакција

Зоран Јовановски именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција