еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пороен дожд, грмежи и невреме се очекуваат и денеска

Денеска се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Според прогнозата ваквото време ќе се задржи до петок. За време на викендот, времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Никос Дендиас, новиот министер за надворешни работи на Грција и што мисли за Договорот од Преспа

Редакција

УХМР: Топењето на снегот од планините го зголеми водостојот на реките, внимателно движење во сливните подрачја

Редакција

Владата наместо авиокомпании, ќе субвенционира дестинации

Редакција