еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Потрошувачката на вода зголемена за 30%, трошете ја рационално

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.

„Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот.

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340.000 метри кубни вода што е за 30% зголемување во однос на зимскиот период, апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови,“ се вели во апелот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првото гласање за уставните измени до крајот на јули, најавува Маричиќ

Редакција

Игротека од Неготино секој месец бесплатно ќе организира по еден роденден за дете од социјално загрозено семејство

Редакција

Бројот на загинати во Израел надмина 500, непознато колку лица се киднапирани

Редакција