еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Почина таксист од Скопје кој имал срцев удар додека возел патник

Министерството за внатрешни работи информираше дека починал таксист од Скопје кој имал срцев удар додека возел патник.

Се работи за лицето Ќ.В., на возраст од 62 години, кому му се слошило на Булеварот „Словенија“, додека превезувал патник. Во моментот кога го добил ударот, управувајќи со возилото, таксистот излетал од коловозот и удрил во дрво.

По несреќата бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.

Нема информации во каква состојба е патникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Редакција

(Видео) Русите на протести поради најавата на Путин за мобилизација, полицијата приведува

Редакција

Не е пријателски да се доведува во прашање јазикот на соседот, решението со Бугарија мора да биде европско, вели Димитров за „Би-Би-Си“

Редакција