еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Почина Јанис Бутарис, поранешниот градоначалник на Солун, по потекло од Крушево и голем пријател на Македонија

На 82-годишна возраст синоќа почина Јанис Бутарис, поранешен градоначалник на Солун, Грција, кој е по потекло од Крушево и беше еден од ретките грчки политичари кои се вистински пријатели на Македонија.

Во земјава дојде неколку пати, а имаше средби и со македонски политичари и вистински работеше на зближување на двете земји, за што добиваше и критики во Грција.

Тој е син на винарот Стелиос Бутарис и Фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево.

Беше пријател и со македонскиот бизнисмен Штерјо Наков, со кого се знаеше од деведесетите години на минатиот век.

Роден на 13. јуни 1942 година во Солун.

Беше бизнисмен, политичар, енолог…

Дипломирал хемија на Универзитетот Аристотел во Солун, а магистрирал енологија на Институтот за вино во Атина.

Речиси 30 години работеше во семејната винарија „Бутари“, а во 1998 година ја формираше сопствената винарија „Кир-Јани“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18 нови случаи на Ковид-19 од 684 тестови

Редакција

Убава вест: 22 оздравени од Ковид-19

Редакција

Вознемирувачки снимки од уличните борби на Хамас и израелската војска

Редакција