Бројот на загинати од пожарот во Кочани се зголеми на 62 лица.
Денеска во Воено медицинската академија (ВМА) во Белград, Србија, почина Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година, кој се лекуваше таму, информираа од Министерството за здравство.
-Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено медицинската академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.
Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад.
Во ВМА е опериран на 4. април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба, велат од таму.