еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Почнаа разговорите помеѓу САД и Русија за Украина без ЕУ

Денеска во Ријад, Саудиска Арабија, започнаа разговорите помеѓу американските и руските делегации за завршување на војната во Украина.

На разговорите нема преставници на Украина, ниту пак на Европската унија.

Американската делегација ја предводи државниот секретар Марко Рубио, а руската министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Оваа е прва официјална средба на преставници на двете земји откако започна војната во Украина.

Пред средбата Вашингтон појасни дека на разговорите не треба да се гледа како на почеток на мировните преговори, туку да се види дали Русија воопшто е подготвена да преговара.

Според Москва пак целтата на разговорите е заживување на американско-руските односи.

И Украина и Русија ја отфрлија можноста за територијални отстапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сергеј Лавров ќе го предводи рускиот тим за преговорите за Украина со САД, кои почнуваат утре

САД почна преговори со Русија за Украина без ЕУ, Европјаните се „растрчаа“

Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР и Одбрана ќе одлучат дали рускиот министер Лавров ќе дојде во Македонија

Редакција

Владата донесе одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска до крајот на годината

Редакција

Од денеска влез во Албанија со тест, сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19

Редакција