Вчера започна увидот за пожарот во Универзална сала, информираа од Јавното обвинителство.
За истиот беа приведени тројца градежни работници кои биле таму пред пожарот, кои се пуштени, допрва ќе се проценува материјалната штета, а за среќа во истиот немаше повредени.
Објектот е осигуран, а со реконструкцијата на објектот ќе се продолжи кога ќе заврши истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објектот на Универзална сала е осигуран
Тим на Обвинителството треба да го прегледа детално местото на пожарот за да открие дали причината е човечки фактор или несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ја реконструира Универзална сала, која се запали
Државниот инспекторат за труд пак изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкцијата.
Пожарот предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Велиш гори универзална? pic.twitter.com/sbEnKC92md
— Капетански Дневник🏴☠️ (@BlackTaurus7) April 9, 2024
Симпсонови и горењето на Универзална Сала го предвидоа 😬 pic.twitter.com/GGiNnfMUF6
— Генерал Кеноби (@MasterGeneralOK) April 9, 2024
Стар кабел е можната причина за пожарот во Универзална, вели изведувачот.
Кабелот: pic.twitter.com/iHMvY6OsJg
— На Твитер најубавиот (@natwnajubaviot) April 9, 2024
Куполата и целосна симболика на Универзална не може тукутака да замине, ама шокот дека ја губиме контролата кон сè што значи белег и вредност на градот, е пораз и пепел.
— Ana Golejshka (@A_Golejska) April 9, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Универзална сала доби нова купола
(Фото) Реконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до 2026 година, еве како изгледа сега