еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкава плата лани имал директорот на Лотарија на Македонија

Во Годишниот извештај за минатата година на Лотарија на Македонија АД Скопје, објавен преку Македонската берза меѓудругото стои дека на членовите на Одборот на директори на Друштвото му се исплатени 1,3 милиони денари бруто.

На генералниот извршен директор пак, кој е во работен однос таму, му е иплатена плата од 1.318.373 денари.

Минатата година за членови на Одборот беа избрани Драган Наков – независен член, кој е и претседател, Штерјо Наков, Тодор Сејзов и Стефан Станкоски, кој поднесе оставка. Тој беше и генерален извршен директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефан Станкоски поднесе оставка од Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Нивниот мандат е во траење од шест години.

Неизвршните членови на Одборот земаат месечен надомест од 30 илјади денари.

За вршител на должност – извршен член на Одборот на директори и в.д. генерален извршен директор со мандат до одржување на Годишно собрание на акционери пак беше назначена Мирјана Настовска-Митрова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мирјана Настовска-Митрова назначена за в.д. извршен директор на Лотарија на Македонија

Лотарија на Македонија лани со добивка и намалени приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Бујаре Абази, заменик градоначалничка на Град Скопје, која поднесе оставка

Редакција

Психијатар и психолог сведочеа на денешното рочиште за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Се воведува кривичното дело „Демнење“, а нападот врз новинари ќе се третира како напад врз службено лице

Редакција