еМагазин
Image default
Бизнис

Лотарија на Македонија лани со добивка и намалени приходи

Лотарија на Македонија АД Скопје остварила позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 4.874 илјади денари, и позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех во износ од 3.870 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи за овој се во висина од 27.437 илјади денари и истите се намалени споредбено со остварените приходи во 2022 година.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,08% имаат оперативните приходи, кои за овој период бележат намалување во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои се 0,92% од вкупните приходи има зголемување во однос на 2022 година.

Намалување во однос на 2022 година бележат вкупните расходи, кои за период јануари – декември 2023 година изнесуваат 22.019 илјади денари. Оперативните расходи се намалени во однос на 2022 година, а кај финансиските расходи има зголемување, велат од таму.

Остварените консолидирани вкупни приходи за овој период изнесуваат 27.983 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2022 година бележат намалување.

-Во структурата на вкупните приходи најголему учество од 98,98% имаат оперативните приходи кои бележат намалување во однос на 2022 година. Финансиските приходи учествуваат со 0,01% во однос на вкупните приходи и бележат зголемување во однос на финансиските приходи од 2022 година.

Консолидираните расходи за период јануари – декември 2023 година се во износ од 23.569 илјади  денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи  за истиот период 2022 година.

Консолидираните оперативни расходи во периодот јануари – декември 2023 година изнесуваат 23.564 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период  2022 година.

Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 5 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мирјана Настовска-Митрова назначена за в.д. извршен директор на Лотарија на Македонија

Стефан Станкоски поднесе оставка од Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Драган Наков избран и за претседател на Управниот одбор на Лотарија на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невработеноста во четвртиот квартал лани 14%

Редакција

ЈП Железници-инфраструктура вработува 13 лица, плата до 28.402 денари

Редакција

Директорката на УЈП за сметките на Груевски: Не сме истражен, туку даночен орган

Редакција