еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Унгарскиот европратеник Јозеф Саер, жесток противник за ЛГБТИ правата бил на „ковид-оргијата“ во Брисел

Европските медиуми го открија идентитетот на европратеникот кој бил дел од геј „ковид-оргијата“ во кафуле во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во Брисел: Европски дипломати и европратеник фатени во „ковид оргија“ во кафуле во центарот на градот

Станува збор за унгарскиот европратеник Јозеф Саер, кој важи за голем противник на правата на ЛГБТИ заедницата во Унгарија, но и во Европарламентот, пишува белгискиот медиум hln.be, кој ја објави информацијата.

Саер потврди дека бил присутен на оргијата, пренесува euronews.com.

„Се извинувам на моето семејство, моите колеги и моите гласачи. Не користев дрога, им понудив на полицајците да ме тестираат на лице место, но не ме тестираа. Полицајците рекоа дека ми нашле дрога во форма на таблети, односно екстази. Не е моја, не знам кој ја подметнал.

Дадов изјава за полицијата околу ова. Жал ми е што ги нарушив правилата, беше многу неодговорно од моја страна, ќе ги претрпам последиците“, вели тој, а европските медиуми пишуваат дека во неделата веќе си поднел оставка за да се посвети на „интелектуална работа“.

Саер е член и еден од основачите на партијата Фидес – Унгарска цивилна Алијанса, национално-конзервативна десничарска партија, на чие чело е актуелниот унгарски премиер, Виктор Орбан, основана во 1988 година, а беше и нејзин лидер од 1994 до 2002 година.

Фото: DAINA LE LARDIC/European Union

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 12 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.096

Редакција

„Гранит“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар „АСНОМ“ вреден 5,9 милиони евра

Редакција

Одложете го патувањето за Грција, утре и задутре штрајк на грчките цариници

Редакција