еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

По 37 години брак, 61-годишна жена од Скопје и 65-годишен маж станаа родители на Петар

По 37 години брак, 61-годишна жена од Скопје и 65-годишен маж за првпат станаа родители. Тие го добија синот Петар.

Детали за овој убав и несекојдневен настан денеска соопшти директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), Ирена Алексиоска Папестиев.

Петар е роден со тежина од два килограми и 350 грама и должина од 48 сантиметри, а жената останала бремена со ин витро третман извршен во земјава со сопствена јајце-клетка која била замрзната.

Породувањето било извршено со царски рез во 36. гестациска недела.

Мајката имала десет неуспешни ин-витро оплодувања и десет спонтано абортуси. Имала и три претходни гинеколошки интервенции од кои две во Белград, а една на ГАК во Скопје.

Во текот на бременоста која била контролирана, имала висок притисок и дијабетес, но на крајот сѐ поминало во најдобар ред.

Петар и мајка му денеска се пуштени дома. Таткото, кој е во пензија, рекол дека тој ќе се грижи за бебето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Клиниката за гинекологија 61-годишна жена го роди своето прво бебе, зачнато ин витро

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени се 35 мигранти во сообраќајка на патот Гевгелија – Демир Капија

Редакција

Студено и во наредните денови, постепено затоплување од четврток

Редакција

Црвенковски: Во случајот со Македонија се направија сите можни прседани и се демонстрираше целосна непринципиелност од страна на ЕУ

Редакција