еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предметот за Дрин Ахмети и по една година се уште во предистражна постапка

Предметот за внукот на Али Ахмети, лидерот на опозициската ДУИ, Дрин Ахмети за купувањето на трговскиот центар „Соравија“ во Скопје и по една година се уште е во предистражна постапка, објави телевизијата Алсат М.

Од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за телевизијата велат дека законски не биле обврзани со рокови за постапување.

„Обезбеден и анализиран е најголемиот дел од собраната документација, се очекува анализа на дел од документацијата која по наредба на предметниот обвинителот ќе ја спроведе единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги во Секторот за сузбивање организиран и сериозен криминал, но и Единицата за економски криминал – Сектор за криминал и економска корупција во Одделот за криминалистичка полиција во МВР“, велат од Обвинителство.

Од таму велат дека по досегашната анализа на прибраната документација во соработка со Управата за финансиско разузнавање, се преземаат и други предистражни дејствија.

„Во меѓувреме, по добиени податоци од Управата за финансиско разузнување, обвинителот поднесе барање за меѓународна правна помош од САД поради утврдување на релевантни факти важни за истражната постапка„, велат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“

Дрин Ахмети се повлекува: Фирмата на внукот на Ахмети, која има удел во “Соравија“ е преземена од американска компанија

Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации

Фото: Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Мирко Петровски, повеќекратен македонски фитнес и боди-билдинг шампион

Редакција

Каков имот пријавил поранешниот новинар Трпеноски, кој стана член на Антикорупциска

Редакција

Јас само спроведов предлог на вицепремиерот Битиќи, ќе се жалам: Зеќири за затворската казна

Редакција