Управата за финансиска полиција денеска врши претрес во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчески, и на неколку други локации.
Информацијата ја потврдија од Основното јавно обвинителство, кое е дел од оваа кординирана акција.
Од таму информираа дека заедно со Финансиската полиција се преземаат дејствија за обезбедување докази во предмет за кривичните дела примање поткуп, давање поткуп и проневера во службата и несовесно работење.
„Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија,“ информираа од таму.
Мирчески на оваа функција беше седум години, до 2024 година.
Тој беше и претседавач на Централен одбор на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Финансиската полиција за истрагата за Мирчески, поранешниот директор на СОЗР на Владата