еМагазин
Image default
Македонија

Се надеваме дека новите пратки на „Спутник V“ ќе пристигнат во блиска иднина, вели рускиот амбасадор Баздникин

Рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин денеска соопшти дека очекува во блиска иднина да пристигнат нови пратки на вакцината „Спутник V“ во земјава.

Како што нагласи тој, одговарајќи на новинарско прашање, руската страна строго се придржува до своите обврски и планира да обезбеди испорака на ваикцините во рокот утврден со договорот.

-Распоредот за испорака не е предвиден со договорот и се формира во зависност од производствените можности на руската страна.

Сепак, Амбасадата е во постојан контакт со раководството на Рускиот фонд за директни инвестиции околу испораките на вакцините. Се надеваме дека во блиска иднина ќе стигнат нови пратки на „Спутник V“, истакна амбасадорот по пристигнувањето на авионот на новата воспоставена авиолинија Москва-Скопје.

Баздникин потенцира дека Амбасадата не е исто што и Рускиот фонд за директни инвестиции поради што, за конкретен одговор кога ќе пристигнат новите пратки, рече новинарите прашањето да го упатат до Фондот.

-Јас ви кажав толку колку што знам и колку можам. Ама сум сигурен дека сите обврски ќе бидат исполнети, подвлече рускиот амбасадор во земјава.

Тој потсети дека Руската Федерација планира на земјава да испорача 200 илјади дози „Спутник V“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има само еден пилот за авионите за гасење пожар

Редакција

Таравари и Села нема што да делат, Алијанса за Албанците нема имот, има само две канцеларии под кирија

Редакција

60% од хоспитализираните пациенти со Ковид-19 се со претходни заболувања

Редакција