еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателот на ЕПП од „сестринската“ ВМРО-ДПМНЕ бара да користи „Северна„

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер ѝ порача на „сестринската“ партија ВМРО-ДПМНЕ дека треба целосно да ги почитува одредбите од Преспанскиот договор и доследно да го користи уставното име на државата.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Преспанскиот договор и доследно да го користи името ‘Северна Македонија’.

Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова“, напиша тој на Х (Твитер).

ВМРО-ДПМНЕ е дел од ова „семејство“ на партии од десниот центар во Европа, во кое е и владејачката грчка партија Нова демократија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД разочарани од Силјановска, ќе следат дали новата влада ќе го почитува Договорот од Преспа, вели посекретарката на Стејт департментот

Остро предупредување од потпретседателот на Европската комисија до Македонија за Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Стартуваше вакцинацијата со руската вакцина „Спутник V“, досега вакцинирани околу 120 лица

Редакција

ГТЦ со загуба во последните три месеци од минатата година

Редакција

Алкалоид со консолидирани продажби од 153,9 милиони евра, извоз од 106,9 милиони евра и со инвестиции од 11 милиони евра во периодот јануари – јуни 2024

Редакција