еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Прилепчанецот Антонио Пандовски со трчање и пешачење планира да стигне до Манастирот Острог за да им помогне на децата со рак

Прилепчанецот Антонио Пандовски со трчање и пешачење планира во јули да стигне до Манастирот Острог во Црна Гора, за да им помогне на децата со рак.

Како што соопшти на неговиот Фејсбук-профил, тоа му е животна желба и тоа го прави и во чест на неговите починати родители.

Тој бара помош од некоја фондација да се вклучи во неговиот проект, а како што вели во интервју за radiopela.mk не за него, туку истата да помогне во собирањето на парични средства за децата кои боледуваат од рак.

-Мојот мотив е да им помогнам на децата што боледуваат од рак. Сакам да соберам што е можно повеќе средства и да им помогнам во нивното лекување.

Втор мотив е да им оддадам почит на моите родители. Мојот татко се викаше Васил, а манастирот го носи името „Св. Василије Острошки“. Мајка ми пак, имаше голема желба да го посети овој манастир, но за жал не успеа. Откако веќе таа не е меѓу нас, кај мене се створи желба да отидам до Острог, но на ваков начин, со хумана цел, вели тој во интервјуто и меѓудругото посочува дека овој подвиг планира да трае 12 дена.

-Благодарение на една жена која не е од Македонија, овозможени ми се неопходните услови, како сместување за време на мојот подвиг. Таа госпоѓа ми даде ветар в грб за да го реалзирам мојот сон, вели тој во интервјуто.

Фото: Фејсбук/Пандовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 387 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 255

Редакција

За француската државна секретарка за Европа, влезот на Македонија во ЕУ до 2030 е амбициозна, но не е нереална цел

Редакција

Излекуваните од коронавирусот можат да останат носители и преку носот да го шират

Редакција