еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пристигна помош од Србија во гаснењето на пожарите, се очекува и од Чешка и Германија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека е обезбедена меѓународна помош со ЕУ механизмот на цивилна заштита. Од Србија еден хеликоптер (Agusta Bell 212) утрово во 9:45 слетал на скопскиот аеродром, а од Чешка еден хеликоптер (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона се очекува да пристигне вечерва.

Од Германија се обезбедени два „ер трактори“ (AT802/2), за кои ЦУК дополнително ќе известат кога би можеле да пристигнат.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во моментов како најсериозни се пожарите на територијата на Пехчево, Старо Нагоричане, на Општина Кратово, на Македонски брод и на Свети Николе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Повик до сите граѓани и институции, да помогнат во гаснењето на пожарот кон Пехчево

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Македонија

Редакција

Најниски нето-плати во јануари

Редакција

Нова партија во албанскиот блок: Основана Демократско движење на Меџити

Редакција