еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Промени во менаџментот на Мермерен комбинат

Од Мермерен комбинат АД Прилеп преку Македонската берза информираат дека со одлука на Одборот на директори (ОД) на Друштвото, членот на ОД, Јасна Ажиевска Петрушева ќе престане да извршува функција како извршен член на Одборот и овластено лице за застапување на Друштвото, и истата функцијата член на Одборот ќе продолжи да ја извршува како неизвршен член, до истекот на мандатот за кој е именувана.

Со оваа измена новиот состав на Одборот на Директори е следниот: Лазарос Пантелидис, неизвршен член и претседател на Одборот, Василиос Анагносту, главен извршен директор, Јасна Ажиевска Петрушева, неизвршен член, Николаос Димарелис, неизвршен член, Триантафилос Триантафилу, неизвршен член и Зоран Пандев, неизвршен и независен член на Одборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мермерен Комбинат лани со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Димитров: Смртта на овчарот од кратовско не смее да мине без конкретна одговорност

Редакција

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Редакција

Најдобрата македонска судиска двојка Начевски – Николов меѓу осомничените од Спортрадар за местење натпревари

Редакција