еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Бојкотот го преполови прометот во маркетите, се намалил за 47% информираат од УЈП

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумте најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и ден претходно како и минатиот петок.

„Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари.

Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари. Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%.

Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%, се вели во соопштението од УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојкот е успешен, како и што треба, велат вработени во маркетите

Фото/Unsplash

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Горан Пандев е Маж на годината за 2020 година: Избрани најуспешните мажи кај нас

Редакција

Вучиќ: Детето потекнува од угледна фамилија, потребни се промени во системот

Редакција

Роднини на Пале Иловска, која е во притвор за убиството на полицаецот од Велес, бараат нејзино ослободување

Редакција