еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Резолуција во Сенатот на САД за Македонија: Oтворање на првиот кластер со ЕУ без дополнителни билатерални услови

САД го поддржаа пристапувањето на Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина, Пит Рикетс и Том Тилис, објави Гласот на Америка на македонски јазик.

Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

„Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија,“ се вели во резолуцијата.

Во неа се нагласува и поддршката на Сенатот за македонската влада, да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ.

Во октомври минатата година, сенаторите Велч и Шахин ги посетија Македонија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, истакнувајќи ја поддршката на САД за европската интеграција на Западен Балкан и безбедноста во регионот, во услови на руска агресија против Украина.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Вучиќ му помогнал на Груевски, прашуваат две српски партии

Редакција

Основен кривичен суд: Да се истражат заканите и притисоците на дел од адвокатите во „ТНТ“

Редакција

Газпром нема да испорачува гас за Европа преку Северен тек 1, цената драстично поскапе

Редакција