еМагазин
Image default
ЖИВОТ

И денеска дождливо време, локално во форма на невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, а во среда со повремен локален дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Петличковски: Третата доза е поврзана со најмалку несакани ефекти и е само едно освежување на имунитетот

Редакција

Инспекторите утврдиле дека маските во аптеките поскапеле поради увозната цена

Редакција

Времето денеска променливо облачно и ветровито

Редакција