Со извршна наредба на новиот американски претседател Доналд Трамп, САД воведе повисоки царини за канадските и мексикански производи за 25%, а за кинеските за 10%.
Истите треба да стапат на сила утре на полноќ.
Канада најави дека ќе врати со реципрочни царини од 25% за повеќе американски стоки, како и Мекскио, но од таму засега не соопштија детали за реципрочните мерки.
Кина пак ќе ги оспори американските царини пред Светската трговска организација.
Трамп изјави дека повисоките царини на стоки од Канада и Мексико се поради неисполнетите ветувања на земјите за запирање на нелегалниот проток на дрога и мигранти во САД.
Трамп се закани со уште поголеми давачки ако трите држави се “одмаздат“.
Експертите посочуваат дека новите царини ќе го забават растот и ќе ја забрзаат инфлацијата во сите три земји во следните неколку години, со најголем шок за Мексико и Канада, а ќе бидат погодени и американските компании кои работат во регионот.
Трамп вчера за „многу наскоро“ најави повисоки царини и за Европската унија, оти Унијата според него ги искористила САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија