еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Сања Лукаревска, која останува заменик претседател на СДСМ

Актуелната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска останува на функцијата заменик претседател на СДСМ, одлучи Централниот одбор на партијата.

Таа дојде на таа позиција, откако од истата претходно се повлече актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Која е Лукаревска

Роденa е 1982 година во Скопје.

Дипломирала на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година.

Професионална и политичка кариера

Својата професионална кариера ја започнува во УЈП во 2006 година.

Од јули 2006 до јуни 2007 година работи како помлад инспектор во Регионална дирекција Скопје – УЈП, стои во нејзината официјална биографија.

Во периодот од јули 2007 до декември 2015 година, работи во Секторот за правни работи во генералната дирекција Скопје на УЈП.

Во јануари 2016 година е именувана за кабинетски службеник за прашања поврзани со дополнителниот заменик министер за финансии во Министерството за финансии.

По престанокот на оваа функција се враќа во УЈП на работно место асистент за извршување во Одделението за наплата на долгови во Дирекција за големи даночни обврзници.

Од јуни 2017 година е именувана за вршител на должност директор на Управа за јавни приходи.

Во февруари 2018 година е именувана за директор на УЈП.

Во 2020 година кратко беше и пратеник, по што повторно се врати на директорското место во УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Лукаревска: Правилно постапив што го послушав татко ми и не станав актерка

Познато презиме

Познатото презиме Лукаревска го наследува од својот татко, актерот Ѓокица Лукаревски. Таа вели дека го наследила и неговиот талент.

“Како ќерка на актер, го наследив таленот за глума, но во извршувањето на мојата функција настапувам искрено, без ниту малку глума.

Пријателите и колегите ме познаваат како човек кој не сака неправда. Во слободно време сакам да читам книги, уживам да гледам сериски филмови и да патувам, но не и да се фотографирам.

Следбениците и пријателите на мојот профил на социјалните медиуми, ретко имаат можност да видат фотографија од местата коишто сум ги посетила. Важно ми е да бидам во убаво друштво“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој влезе во Извршниот одбор на СДСМ

Кој е Миле Зечевиќ, новиот генерален секретар на СДСМ

Кои се новите потпретседатели на СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Згрутчувањето на крвта е можнa нус појава од вакцината на „АстраЗенека“, потврди Eвропската агенција за лекови

Редакција

2 лица имале претходни заболувања, детали за новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Во Македонија молк за провокацијата со картата на Санстефанска Бугарија која ја објави Каракачанов

Редакција