На синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, Миле Зечевиќ е избран за нов генерален секретар на партијата.
Претходно оставка од оваа функција поднесе актуелниот вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ
Кој е Зечевиќ
Тој е поранешен долгогодишен организациски секретар на СДСМ, а треба да се спомне и дека периодов и тој размислуваше да се кандидира за нов претседател на партијата.
Зечевиќ беше советник на поранешниот премиер Зоран Заев, за адвокатски услуги, а на почетокот на 2019 година стана дел и од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.
Работно искуство и политичка кариера
Според биографијата која ја доставил до Собранието на акционери на Банката, тој работел како стручен соработник во Владата и во периодот од 1998-1999 година, во кабинетот на тогашниот премиер.
Во периодот од 1999-2001 година е стручен соработник во Основен суд Скопје 1-Скопје.
Од 2001-2002 година е шеф на кабинетот во Министерството за одбрана.
Од 2002-2004 година е генерелен секретар во тогашната влада на СДСМ.
Од 2004-2006 година е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Во 2008 година почнал да работи како адвокат во адвокатска канцеларија Миле Зечевиќ.
Образование
Дипломирал на Правен факултет Јустинијан Први Скопје и го има положено правосудниот испит.
Во 2016 година станал Магистар по казнено право и криминологија и Доктор на правни науки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој влезе во Извршниот одбор на СДСМ
Која е Сања Лукаревска, која останува заменик претседател на СДСМ
Кои се новите потпретседатели на СДСМ
Фото: СДСМ