еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“: Новинари од Албанија си купија лажни потврди за бугарско потекло

Колку лесно може да се купат лажни потврди за бугарско потекло во Албанија, со кои може да се добие бугарски пасош и државјанство покажа сторијата на албанската телевизија Топ чанел.

Новинари кои се дел од емисијата Фикс фаре купија вакви потврди за 100.000 леки (950 евра) во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза.

По објавувањето на сторијата албанската полиција приведе тројца вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло.

Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

Во овој реон живеат Горанци, Македонци доселени од Гора, област на крајниот југозапад во Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лага е дека во Еуростандард банка физичко лице има заштеда од 7 милиони евра, вели стечајниот управник Тодевски

Редакција

Петмина починати од Ковид-19, најмладиот на 39-годишна возраст

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција